SQ
МК EN SQ
Të preferuarat
Po ngarkohet...
Shiko të preferuarat
Shporta ime
Po ngarkohet...
Дерматологија

КОНДИЛОМИ(Аногенитални брадавици)

КОНДИЛОМИ(Аногенитални брадавици)

Кондиломите, познати и како полови брадавици претставувват израстоци кои кај жените се локализирани во пределот на вулвата,внатрешниот или надворешниот дел на вагината и околу анусот, а кај мажите во пределот на пенисот и околу него, околу анусот, како и на скротумот. Кондиломите спаѓаат во сексуално преносливи заболувања и најчест начин на пренесување е преку сексуален контакт.

Причинители за појава на кондиломи се една голема група на вируси позната како ХПВ вируси (хуман папилома вирус) кои ги има повеќе од 200 типови. Голем дел од овие вируси предизвикуваат појава на кожни брадавици на различни делови од телото (дланки, стапала, брадавици во пределот на вратот, генитални брадаваци, плоснати брадавици) кои се лечат едноставно, но од друга страна денес е познато и дека ХПВ вирусите не предизвикуваат само кожни брадавици туку постојат и типови кои се директни причинители на карцином на грлото на матката, на вулвата, а се почесто и карцином на анус, пенис и гласни жици. Типови на ХПВ вирус одговорни за појава на карциноми се 16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51, 52, 56, 58, 59, 66, 68 и тие се наррекуваат онкогени типови поради својот потенцијал да доведат до промена на ДНК клетките, додека типови на ХПВ вируси одговорни за појава на полови брадавици најчесто се нискоризични типови 6 и 11.

ФАКТОРИ НА РИЗИК Сите полово активни мажи и жени имат ризик за појава на ХПВ инфекција. Но ризикот е зголемен при: - Ран почеток на сексуална активност - Често менување на полови партнери - Ослабен имунолошки систем - Оштетена кожна бариера - Примена на орални контрацептиви - Пушење цигари

СИМПТОМИ Најголем дел се асимптоматски меѓутоа понекогаш во почетокот може да се појави чешање, пецкање, нелагодност, точкасто црвенило, а потоа се појавуваат мали или поголеми промени над ниво на кожа и слузокожа кои можат да бидат со различен изглед, поединечни или во групи. Најчесто се манифестираат како мали мазни израстоци на гениталната регија со смеѓа, розева или кафеавкаста боја, како шилести брадавици или како карфиолести промени кои можат да конфулираат меѓу себе и да формираат голема карфиолеста маса.

ТЕРАПИЈА -КРИО ТЕРАПИЈА е ефикасна, не многу болна процедура со која со многу ниска температура се смрзнуваат брадавиците. Терапијата се повторува на 7-10 дена се до целосно исчезнување на брадавиците. Ткивото некротизира и по извесен период отпаѓа. -ЛАСЕРСКА ТЕРАПИЈА со аблативен CO2 ласер е исто така ефикасен метод за третман на брадавици. Третманот се изведува со претходна примена на локална крема анестетик. Предноста на овој третман е што брадавиците се уништуваат со еден третман. -ХИРУРШКА ЕКСЦИЗИЈА е погодна само за големи, гигантски кондиломи. -ЛОКАЛНА ТОПИЧНА ТЕРАПИЈА ( cream imiquimod, cream podophyllotoxin)

Ndaj: WhatsApp Facebook X

Artikuj të ngjashëm

Меланом - Терапија и третман на меланома

Меланом - Терапија и третман на меланома

Што може да направи дерматолог за вас

Што може да направи дерматолог за вас

← Kthehu te blogu